ТМРО: Државата уште во 2015 година го запре преименувањето на двете училишта во Чаир

Во 2015 година тогашниот директор на државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански, инаку претседател на ТМРО, со решение ја запре примената на одлуката за промената на имињата на двете основни училишта во скопската општина Чаир, соопшти ТМРО.

„Тогашната локална власт ги смени таблите на училиштата, но официјално до денес тие во централниот регистар беа со македонски назив, а и сведителствата беа со македонските имиња на училиштата. Таблите веќе пет години МВР не сакаше да ги симне, па во јавноста се спинуваше за табли, иако официјално останаа македонските имиња.

Денес, пет години потоа, Ванчо Шехтански не е директор на ДИЛС и се случува  беззаконие и газење на македонскиот карактер на државата“, се вели во соопштението на ТМРО.

Министерот за образование денеска објави дека во Централен регистар се запишани новите имиња на основните училишта во Чаир „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ - „Имри Елези“ и „„Исмаил Ќемали“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе