Типа ги прогласи Хуавеј П40 сериите за смартфони со најдобра фотографија за 2020 година

Хуавеј (Huawei Consumer Business Group BG) го објави добивањето на наградата за најдобар смартфон за фотографии за 2020 година од престижната Типа (TIPA) за новите Хуавеј П40, П40 про и П40 про+.

Четврта година по ред TIPA ја наградува П серијата на Хуавеј за многутте иновативни и исклучителни решенија и крактеристики што се вреднуваат и сакаат од страна на професионалните фотографи.

TIPA од 1991 година е најголемо и најпочитувано светско здружение за медиуми и фотографи, печатени и онлајн. Здружението ги доделува Светските награди на годишно ниво на компании и нови производи кои уредниците на TIPA ги сметаат за оние кои испорачуваат најдобар квалитет, перформанси и вредност на потрошувачите. „Способностите на фотографирање со смартфон смело прават уште еден чекор кон иднината со најновите членови на Хуавеј П сериите“, стои на официјалната веб-страница на TIPA World Awards 2020.

Светските награди TIPA 2020 се уште едно признание во списокот со високи резултати на сериите Хуавеј П40.

Неодамна, Хуавеј П40 про беше прогласен од DxOMark за најдобриот паметен телефон за фотографија во светот со рејтинг од 128 поени, што е највисок вкупен резултат во престижната шема. Флегшипот на Хуавеј, П40 про заработи и највисоки оценки за главните и селфи камери со 140, односно 103 поени.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе