Тимотеј: Очекуваме од СПЦ предлог до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Синодот на Македонската православна црква- Оридска архиепископија очекува до крајот на месецов Српската православна црква до Вселенската патријаршија да испрати предлогот за автокефален статус на македонската црква. Митрополитот и портпарол на Синодот, владиката Тимотеј, на прашање на новинарите дали ставот на СПЦ во поглед на МПЦ значи враќање назад кон автономијата од 1959 година или е чекор напред, Тимпотеј е категоричен: „Тоа е апсолутно голем чекор кон решавање на статусот што го чекаме 55 години. Ние бараме автокефалност".

„За автокефален статус е потребно да се исполнат 9 - 10 точки, услови. Очекуваме од СПЦ, како од црква од која се одделуваме, на Вселенската патријаршија да ѝ предложи доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде томос кој треба да биде потпишан од него и од српскиот патријарх“, рече Тимотеј.

На прашањето дали имало „синхронизација“ меѓу Скопје, Белград и Цариград, владиката Тимотеј рече дека не може да одговара на прашања од таков тип. 

„До денеска СПЦ нема официјална реакција на решението на Вселенската патријаршија. Затоа секакво мое толкување би било произволно“, рече владиката.

Tимотеј на почетокот од изјавата за медиумите информира дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата на поглаварот на СПЦ Порфирије за сослужување со СПЦ утре во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград. Делегацијата ќе ја предводи поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, а во неа ќе бидат и тројца од повозрасните владици.

„Тоа ќе биде воспоставување на евхаристичко единство со сиот православен свет“, рече владиката Тимотеј.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе