Тимоние во Тетово: Не е целта само да се почнат преговори со ЕУ, туку сите точки да ги исполните

Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги за да има успех и за вас и за Европа. Не е целта само да се почнат преговори, туку сите точки да ги исполните, да ги реализирате и Македонија да почне преговори, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„Нашата цел е да стремиме кон тоа да креираме независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки. Исто така со сите држави на целиот свет. Со цел што повеќе да се интегрираме и соработуваме“, рече Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за почетокот на преговори на Македонија со ЕУ по одржаното предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на тема „Надворешната политика на Франција“.

Тој порача дека има одлични услови и стипендии за учење француски јазик во неговата земја, а се прават обиди да има добри можности за тоа и на македонските универзитети.

На средба со раководството на УЈИЕ се разговарало токму за поинтензивна соработка околу студии по француски јазик.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе