Пред Националниот совет за евроинтеграции

Тимоние: Не стравуваме од нови членки во ЕУ, само сакаме да бидат силни и подготвени

„Намерите на Париз се заедно да успееме”, вака францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние ги објасни намерите на Франција за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. 

„Од секаде постои верба во европскиот проект, што треба да биде строг, а не само своевидна лиценца на оние кои управуваат со тоа затоа што го добиле датумот и потоа можат да си прават што сакаат на внатрешен план. Ние сме со граѓаните на Северна Македонија и сакаме да успееме, да успееме заедно со вас. Нема никакви стравувања од наша страна во однос на доаѓањето на други земји-членки во Унијата, само сакаме тие земји да бидат доволно силни и доволно подготвени за да можат граѓаните да ја контролираат својата влада, но и тие земји да бидат доста силни за да можат да го спроведуваат тој заеднички европски проект”, рече Тимоние.

Балканските земји, според него, можат да бидат додадена вредност во Европа.  

„Преку новата методологија не размислуваме само за Балканот туку дека има проблеми што не сме ги решиле претходно. Европската изградба е изградба единствена во историјата која се гради секојдневно за да ги подобри грешките од минатото особено во однос на земји кои не успеале да се реформираат”, додаде Тимоние.  

За францускиот нон-пејпер како што информираше има и позитивни реакции и критики, но тој е доставен и процесот е почнат и официјален Париз посакува тој брзо да заврши.  

„Го разбираме нетрпението, и ќе помогнеме со нашето присуство. Во моментот преговараме за правните рамки и потпишувањето со француската Агенција за развој”, рече францускиот амбасадор.

Она што се случи во октомври со недобивањето датум, според него, не е историска грешка, туку е историска шанса споредено со претходниот систем за проширување.

Тимоние се наврати на нон-пејперот и четирите принципи, но и посочи на владеењето на правото, корупцијата, реформскиот процес…  

„Посакуваме процесот да заврши до крајот на јануари, што ќе ни овозможи потоа да се трасира патот кон Загреб на подоверлив начин. За тоа ќе треба и новата ЕК да одговори на нашите желби, но исто така треба и државите членки да се покажат конструктивни. Впрочем тоа и го очекуваме затоа што ја имаме таа споделена волја која беше изразена и од страна на ЕП затоа што сите посакуваат да се отворат преговорите што е можно побрзо, а овде нема ништо да ги спречи спроведувањето на реформите туку напротив. Има конкретни барања за завршување на законот за јавното обвинителство и сите други закони кои произлегуваат од тоа, и тоа се области во кои ние очекуваме напредок”, рече Тимоние.  

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека нема дилема дека Северна Македонија во октомври била подготвена да добие датум за преговори и од таму доаѓа разочарувањето и во администрацијата и меѓу граѓаните. Сепак, нагласи дека оваа пауза до добивањето датум за преговори за нас не е пазуа бидејќи продолжуваме со реформите не заради ЕУ, туку заради нас самите. Тој ја повика опозицијата на конструктивност и до пролет да биде донесен законот за јавното обвинителство за да се тргне и таа забелешка пред самитот во Загреб.

Османи додаде дека Македонија не се плаши од посебни услови и од заострени методологии, ниту од ревирзибилност на процесот бидејќи покажавме дека имаме ентузијазам, луѓе и знаеме како да напредуваме во процесот.

Пратеничката Ивана Туфекџиќ на седницата потенцираше дека ниту Северна Македонија, ниту граѓаните, ниту власта, ниту опозицијата бараат проширување заради проширување.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски, смета дека ова е привремена ситуација и нашите идни одлуки ќе зависат од три работи: внатрешната политика во земјите – членки на Унијата, односите меѓу земјите-членки, како и од позицијата на ЕУ во светот.

 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе