Тимоние: Компромисите треба сами да ги постигнете, неопходна е дискреција за разговорите во куќата на Жан Моне

Разговорите за процесот Жан Моне во моментов се прелиминарни и за нив треба да се согласни сите политички партии, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за ТВ Телма.

„Ние посакуваме Собранието овде да функционира, затоа што во моментов не функционира така добро како што би требало. Јасно е дека треба да се најдат начини повторно да се најде довербата меѓу политичките партии, но и методи за да може подобро да се работи заедно“, рече Тимоние.

Потешкотијата за работење заедно, како што кажа, не е нова затоа што постоела и во претходниот парламентарен состав, како и во актуелниот.

„Вие треба да ги најдете решенијата бидејќи идејата е Македонија да влезе во ЕУ каде што постојано се постигнуваат компромиси. Првата работа што треба Македонците да ја направат е да се обидат прво меѓу себе да ги најдат компромисите или методите за работа за една парламентарна демократија која што би била функционална. Ние може да интегрираме само една функционална демократија“, истакна францускиот амбасадор.  

За тоа дали на евентуалните разговори во куќата на Жан Моне кај Париз би се направил обид за компромис за спорот со името, Тимоние рече дека за тоа може да се прават голем број шпекулации.

„Ако треба да се направи таа средба надвор од земјата тоа значи дека е неопходна дискреција поради причини кои можеби јас не ги знам. Но ако сакаме овој проект, кој што е добронамерен, да успее би било опасно да биде под лупата на телевизиите и на новинарите“, посочи Тимоние.  

Францускиот амбасадор смета дека политичките партии и пратениците, кои што се платени за тоа од страна на граѓаните, треба да најдат начин самите да зборуваат, затоа што Македонија не е во граѓанска војна. 

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе