Тимоние до Заев: Макрон гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции

Заедничка согласност дека конструктивноста од страна на сите политички субјекти е важен фактор во развојот на Македонија била изразена на денешната средба на премиерот Зоран Заев со францускиот амбасадор во заминување, Кристијан Тимоние. 

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е реафирмиран ставот на францускиот претседател Макрон дека Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции. Притоа била изразена порака нашата држава да го задржи курсот напред на евроатлантскиот пат.

„Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со коишто државата оди напред. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и ја очекуваме меѓувладината седница за отпочнување на преговорите, ја зацврстивме меѓуетничката кохезија дома, ги развиваме и понатаму добрососедските односи, што го покажа посетата на Атина каде зборувавме за економија и соработка на бизнисите. Сега сме силно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома”, изјавил премиерот Заев.

На средбата се разговарало и за можностите што се пред Македонија и Франција во развојот на билатералната соработка, посебно во економијата, здравството, енергијата и зелената енергија, дигитализацијата и било констатирано дека има услови за интензивирање на соработката.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе