Хрватската амбасадорка за МИА

Тигањ: Изборите се фестивал на демократијата, очекуваме да бидат фер и демократски

Хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ по повод завршувањето на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската Унија, вели дека е повеќе од горда што за време на претседавањето на нејзината земја со ЕУ, Македонија доби одлука за почеток на преговори.

Тигањ, во интервју за МИА, вели дека земајќи го предвид огромниот исчекор што Северна Македонија го направи во последните неколку години, Хрватска со големо разочарување ја доживеа одлуката на Европскиот совет од октомври 2019 година.

„Така што, покрај веќе дефинираните приоритети на претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ, една од нашите клучни задачи за време на нашето претседавање беше да се исправи неправдата сторена на Северна Македонија“, вели хрватската амбасадорка во земјава.

Хрватска, според Тигањ, и покрај корона кризата, сепак успеа да го врати фокусот на ЕУ кон Западен Балкан, со што обезбеди планот за проширување на ЕУ да остане високо на агендата на ЕУ и по завршувањето на хрватското претседавање.

Во врска со претстојните избори, и дали тоа би влијаело на одржувањето на првата Меѓувладина конференција, Тигањ вели Северна Македонија јасно се определи за членство во Европската Унија, што подразбира консензус на сите политички партии за ова прашање и затоа и овие избори, како што вели, се само еден фестивал на демократијата за кои очекуваме дека ќе бидат спроведени во фер и демократска атмосфера.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе