Тетовскиот општински Совет пред нови избори

Советот на Општина Тетово е пред нови избори за неговите членови. Откако Советот до 31 март не ја усвои завршната сметка за 2021 година, прашање на време беше кога ќе се донесе одлука за распишување на избори, имајќи ги предвид законските одредби дека без усвоена сметка општинскиот совет ја губи функцијата. Но времето за реакција на Владата ги проби роковите, реагираат советниците од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ и порачуваат дека денеска Владата не треба да ја стави на дневен ред таа точка. Министерството за локална самоуправа смета дека Советот треба да се распушти.

Од Министерството за локална самоуправа велат дека информацијата за потребата од распуштање на тетовскиот Совет е доставена до Владата и очекувањата се денеска попладне таа да биде на дневен ред пред министрите.

Од владината прес-служба за МКД.мк велат дека Владата не носи одлука за нови избори туку дека го запознава Собранието на Македонија кое потоа носи одлука, односно претседателот на Собранието распишува избори.

Двајцата советници на Подобро за Тетово ја предупредуваат Владата да не ја става на дневен ред точката затоа што, нагласуваат, пробиени се роковите и додаваат дека Владата всушност го загуби и моралното право да одлучува за Тетово.

„Влада која крши процедури нема кредибилитет да казни некого за кршење процедури“, реагираат непартиските советници од Подобро за Тетово и велат дека „Владата го прекрши рокот за одлучување дали Советот на Општина Тетово ќе оди на вонредни избори токму поради прекршување на законските рокови и за неусвојување на сомнителна завршна сметка од страна на истата“.

Советниците додаваат и дека евентуалната одлука на Владата за да се побара распишување на избори „ќе биде еднаква на нула, без правна сила и ги повикуваат институциите „да ја спречат Владата на МКД од можни законски прекршувања“.

Тие наведуваат дека Општината Тетово во изминатите месеци подобро функционира, има поголема транспарентност, современ официјален сајт. Советниците од Граѓанската иницијатива и последната плата ја донираа за хуманитарни цели.

Со поддршка на тетовската Граѓанска иницијатива се огласија невладини иницијативи - советнички групи од други општини.

Неодамна градоначалникот на Тетово Биљал Касами, инаку лидер на Движењето Беса, изјави дека законските одредби се јасни, доколку не се усвои завршната сметка дека тогаш еден од условите е одење на нови избори. Владата, рече, беше известена навреме дека не е усвоена завршната сметка.

Дали е пробиен или не рокот за носење одлука за распишување избори, нема дециден одговор од надлежните институции.

Завршната сметка не беше усвоена бидејќи Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса не успеаја да обезбедат мнозинство за да се стави на дневен ред. Тогаш советниците од Независната листа бараа отчет за сечењето дрвја во центарот на градот.

Во политичките кругови се зборува дека претседателот на Собранието Талат Џафери ќе распише избори за Советот на Општина Тетово и дека датумот ќе го врзе за веќе распишаните повторени избори за градоначалници на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа кои ќе се одржат на 20 август. 

П.Џ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе