БЕГАЛСКА КРИЗА

Тензично на јужната граница, бегалци заглавени на Табановце, МНР уверува земјава нема да стане бегалски камп (ФОТО)

Со натписи „Отворете ги границите“ денеска кај јужната граница се зголемуваше бројот на лицата од Авганистан што сакаат да продолжат на патот кон Германија, Австрија, Шведска... Дел лежеа, чекаа, се собираа со децата, а група од 300 Авганистанци, видно револтирани, се обидоа на сила да ја поминат оградата, па интервенираше полиција. 

 

Истовремено, на северната граница кај Табановце се заглавени 700 Авганистанци, но од МНР велат и за тоа има решение, негирајќи ја можноста земјава да се претвори во голем бегалски камп.

„Ова не е добро. Сирија е 5 години во војна, а Авганистан 30 години. Зошто ваква дискриминација“, рекоа дел од бегалците од групата што чекаше на јужната граница со Грција.

Некои од нив искажаа несогласување и недоумици во однос на документацијата, други кон променливата европска политика, трети потенцираат дека грчката полиција почнува да ги враќа оние бегалците што не се од Сирија... Тука се и Авганистанците што сакаат да влезат во коридорот по неколкугодишната работа во Грција. За нив не е дозволен премин.Гевгелија денес

Познато е дека од ноември важи одлуката по балканскиот коридор да транзитираат само бегалци од воените жаришта од Сирија, Авганистан и Ирак, а пред два дена полициските власти на државите од хуманитарниот коридор воведоа единствен биометриски документ за регистрација за бегалците што чекаат да влезат во коридорот.

Овој документ, сега засега, се издава само на една точка од овој коридор, а тоа е прифатниот центар кај Гевгелија, на котата 59. Само за бегалците што имаат валиден пасош или лична карта и кои ќе докажат дека доаѓаат од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак. Но со новата политика настана и хаос, па луѓе останаа заглавени на ничија земја. Таков е случајот кај Табановце.Табановце вчера

 Од Министерството за надворешни работи денеска на брифинг уверуваа дека нема да се градат бегалски кампови во земјава. Државниот врв нема да ги следи политиките на Виена, туку на Брисел. Целта не е затворање на границата, туку спречување на нелегалното минување, па потврдуваат дека постојат луѓе што по потекло се од Авганистан, но подолго време престојувале во друга земја, што би значело дека нивните животи не биле загрозени од воени дејства.

Истовремено, за заглавените 600-700 Авганистанци на Табановце, што ги вратија Хрватска и Србија, од министерството очекуваат да се најде решение деновиве, откако ЕУ ќе каже што со нив - дали да се пропуштат или да се враќаат таму од каде што дошле.

„Македонија нема да ја затвори границата за мигрантите. Нема нема да дозволиме ниту земјата да стане-тампон зона за тие што нема да се пропуштаат или ќе бидат вратени. Македонија нема да следи ничија политика за мигрантите, туку ќе се грижи исклучиво за сопствените интереси, а во моментов најдобро решение е да ги спроведува заклучоците на Советот на ЕУ, бидејќи тие гарантираат дека не сме крајна дестинација на мигрантите“, рекоа денеска од МНР.Гевгелија денес

Според МНР, Македонија од мигрантскиот бран има повеќе трошоци отколку приходи, односно како држава „сме чист зијан“. Оценуваат дека главен актер во решавањето би била Турција, која за помош ќе добие помош од три милијарди евра, но ако во наредните месеци имаме по 6.000 бегалци дневно на граница, тогаш ќе бидат јасни сомнежите дека „нешто од договореното не функционира“. Истовремено, потврдуваат дека клучна точка во развојот на кризата е реадмисијата – враќањето на т.н. економски мигранти од земјите од каде што дошле.

Денеска и од Европската комисија рекоа дека нема затворање на границата меѓу Македонија и Грција.

Како што знаеме од нашите контакти, сè уште има движење вдолж границата и нема целосно затворање на границата во моментов. Координациската рамка на земјите вдолж западнобалканската рута беше активна викендов и различни информации се делеа меѓу страните. Границата не е затворена, поминувањето е можно на различни граници. Тоа што е легално во однос на тоа кои лица се пропуштаат е видливо и улогата е јасна за тоа кој може да се прифати и да се третира според Женевската конвенција, бидејќи ЕУ-правото не се применува за ова на трети земји“, рече портпаролката на ЕК задолжена за миграциски прашања, Наташа Берт.

На прашањето дали е координирано блокирањето на протекот на Авганистанци, кој почна од Австрија, а продолжува со Хрватска, Србија и Македонија, гласноговорничката на ЕК одби да даде директен одговор, но истакна дека постои релокациска шема за Грција и програма со Турција, која треба координирано да го менаџира напливот на бегалци на западнобалканската рута. Таа беше децидна дека Брисел инсистира земјите „да се информираат за тоа какви мерки преземаат пред да ги преземат“.

Б.Ш.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе