Како што соопшти МНР, соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина и ја истакнале значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и ги поздравиле напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот.
Во рамки на телефонскиот разговор, стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценија како исклучително блиски и пријателски, засновани на стратешко партнерство и се согласија во претстојниот период да работат на натамошно унапредување на сојузништвото и соработка, се наведува во соопштението.
Министерот Османи изразил благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели и ја истакнал значајната улога на нашите американски пријатели за просперитетот и демократските постигнувања на Северна Македонија.
Соговорниците изразиле согласност дека европската перспектива и зајакнатото присуство на САД на нашите простори се особено значајни за стабилноста и напредокот на Западен Балкан.