Пленарна собраниска седница

Техничкиот премиер ги соопшти имињата на предлозите за министри во техничката влада

„Се обраќам како мандатар за составот на формирање на нова Влада и овој период е навистина значаен бидејќи потребно е да се спроведат фер и демократски избори, но и за влез на нашата република во ЕУ и НАТО", рече Спасовски на пленарната собраниска седница за избор на техничката влада.

Toј ги соопшти имињата на министрите во техничката влада и рече дека му е чест и одговорност е да се предводи Владата во овој период.

Во техничката или преодна Влада министерски места имаат најголемите политички партии, вклучувајќи ја и опозицијата.

Промени во составот во однос на последната влада на премиерот Зоран Заев, кој утрово поднесе оставка, има само во делот на предложените министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, како и на вицепремиерското место за економски прашања. На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика.

„Имаме јавност која не се плаши да го каже својот став и имаме држава која за неколку месеци ќе застане рамо до рамо со најмоќниот сојуз во светот, како и набргу очекуваме и преговори за во ЕУ. Основен предуслов за тоа се и спроведувањето на предвремени парламентарни избори Дозволете ми да ги соопштам имињата на министрите во техничката влада. Радмила Шекеринска во Министерството за одбрана, Бујар Османи за министер без ресор, Димитров министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи, Наќе Чулев за МВР, министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, Нина Ангеловска во Министерството за финансии, Венко Филипче за министер во Министерството за Здравство, Рената Дескоска за министер во Министерството за Правда, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Трајан Димковски како министер во Министерството за шумарство и водостопанство, , Дамјан Манчевски министер во Министерството за информатичко општество...", рече мандатарот за техничка Влада.

Мандатот на министерот за внатрешни работи и на труд и социјална политика трае до денот на објавување на резултатите од изборите, рече Спасовски и додаде дека очекува професионална соработка на институциите за спроведување на изборите.

Тој апелираше до опозицијата дека изборниот процес е сега и нивна одговорност, на што тие реагираа со негодување.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе