Откако ДИК ги одби сите приговори за локалните избори

Тече рокот за жалби на партиите до Управен суд

Од синоќа тече рокот од 24 часа за жалби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Партиите можaт да поднесат жалби до Управниот суд против одлуките на Државната изборна комисија во рок од 24 часа од приемот на решението на ДИК, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за гласањето во првиот круг на 15 октомври. До Комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 беа од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од локалните избори на 29 октомври, а одредени општински изборни комисии веќе им ги врачија решенијата на изгласаните кандидати за градоначачници.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе