ОМО Илинден Пирин со реакција

Тажно е што не ни очекувавме дека Ковачевски во ООН ќе спoмене македонско малцинство

Политичката организација на Македонците од Бугарија ОМО Илинден Пирин реагира кон македонскиот премиер Димитар Ковачевски бидејќи во своето обраќање пред Организацијата на обединетите народи ООН, зборувал за малцинствата во Македонија, но со ниту еден збор не спомнал дека постои македонско малцинство во соседните земји на Македонија и дека тие во Бугарија и Грција се потполно обесправени. „И не очекувавме дека ќе нѐ спомене, а тоа е тажна работа“, нагласува ОМО Илинден Пирин.

„Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне! Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? 

Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами.

После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои“, се вели во соопштението на организацијата..

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе