Во разговор за ТВ 21

Таткото на Ел Чека вели дека син му не ги добил „бомбите“ од Еролд Муслиу

Мустафа Ахмети, таткото на Шеќерим Ахмети, попознат деновиве како Ел Чека, во разговор за ТВ 21 вели дека аудио снимките кои се главно насочени против функционери на ДУИ, неговиот син не ги добил од новиот директор на Агенцијата за разузнавање. Сепак, Мустафа Ахмети за телевизијата изјави дека Еролд Муслиу е некако поврзан со настаните во кумановско Диво Насеље и дека овој настан бил креиран од тајните служби.

Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, веќе неколку недели преку социјалните медиуми објавува прислушувани разговори на Али Ахмети и неговите соработници, државни функционери. Мустафа вели дека и тој и син му немаат нешто лично против претседателот на ДУИ.

„Немаме ништо лично со никого. Овие проблеми  се однесуваат на сите Албанци. Нашата цел е да ги откриеме сите подземни работи со кои се занимавале овие луѓе кои денес се инсталирани во системот“, вели Мустафа Ахмети. Тој за ТВ21 објаснува дека прислушуваните разговори кои ги објавува неговиот син се истите кои ги објавуваше и Зоран Заев во 2015 година.

Мустафа Ахмети ги демантира шпекулациите дека неговото семејство ги добило снимките од директорот на разузнавачка служба Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Туин, Кичево.

„Еролд Муслиу е човек кој работи во службите многу одамна. Беше и во времето на Мијалков. Муслиу беше организатор на многу од средбите на Кумановската група. Знам. Од мои извори. Шеќерим сака да им помогне на овие луѓе, на членовите на оваа Кумановска група. Син ми овие снимки ги добил откако отишол во Америка“, изјави Мустафа Ахмети и додаде дека никому не верува, ни на власта, ниту пак на албанската опозиција.

Членови на семсјтвото на Ахмети денеска се обидоа да организираат протест пред седиштето на ДУИ, но групата била спречена од полицијата да дојде пред штабот на партијата на Али Ахмети.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе