Изјава од Алијанса за Албанците

Таравари: Алтернатива нека одлучи дали е добро да се качи во бродот на Заев кој тоне

Можеби имавме грешки во соработката, имавме добри кандидати на изборите, но не успеавме, секако Алтернатива самата ќе донесе одлука дали да се приклучи кон Влада во која е ДУИ, но за лидерот на Алтернатива Африм Гаши како личност имам  најубави зборови, вели генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, пред денешната средба на Гаши со премиерот Зоран Заев на која ќе се разговара за влез на Алтернатива во Владата.

„Не се знае што понатаму ќе се случува, а за Алтернатива можам да кажам дека самата партија треба да донесе одлука како мислат дека е најдобро за нив, но мислам дека бродот на Заев полека тоне“, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за телевизија Шења.

Според него, ако влезе Алтернатива повторно во таа Влада во која е и ДУИ, можно е брзо да се „истроши“'. 

„Сметам дека оваа Влада нема да 'плови“ подолго од пет - шест месеци. Освојувањето на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе ја троши енергијата на Владата“, коментира Таравари.

За својот коалициски партнер Алтернатива Таравари нема лоши зборови, особено има убави зборови за нивниот лидер Африм Гаши.

„Африм е еден од најхуманите луѓе што ги имам сретнато во животот. Можеби имавме грешки фо коалициската соработка кон нив, можеби имаа грешки и тие, не постигнавме добри резултати како албанска опозициска коалиција на изборите иако имавме многу добри кандидати, Беким Сали во Чаир веројатно беше најдобриот кандидат од сите што имале свои кандидати на локалните избори. Но не успеавме. Се разбира, секоја партија понатаму има право на сопствени одлуки“, изјави Таравари за Шења. 

Aлијанса за Албанците и Алтернатива се во коалиција од парламентарните избори, а заедно во парламентот бројат 12 пратеници, од кои 4 има Алтернатива.

Доколку Алтернатива влезе во Влдата владејачкото мнозинство ќе се зголеми на 64 пратеници, имајќи предвид дека и Кастриот Реџепи од Беса откако е исклучен од партијата, веројатно ќе се приклучи кон тоа мнозинство.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе