Таравари за локалните избори не исклучува коалиција ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ

На локални избори победуваат тие што имаат најмногу коалиции, вели генералниот секретар на Алијанса за Албанци и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, најавувајќи соработка со која било партија на претстојните локални избори.

Според Таравари, за Алијансата на Албанците можна е и предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ, додека за тоа дали тој ќе се трка за нов мандат изјави дека ќе одлучат партиските тела: Сепак, вели големи се шансите тој да биде кандидат на Алијанса за Албанците за Гостивар.

Таравари денеска најави дека изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе почне на 15 јули, а на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

„Апсолутно ќе имаме коалиции. На локални избори победуваат оние кои имаат најмногу коалиции со разни партии. Ќе видиме по структурата на население во општините, така и ќе постапуваме. Најверојатно во Гостивар ќе се обидеме да направиме коалиција и со македонска партија, со две-три кои функционираат, со турски партии, ромски партии… Ќе се обидеме да соработуваме со сите партии, бидејќи овде не се гласа за партија, туку за личност“, изјави Таравари.

Тој посочи дека за Алијансата за Албанците коалиции се можни со сите партии, вклучувајќи ги и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари уште изјави дека неговата партија засега нема став за резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поднесе во Собранието во врска со „црвените линии” за преговорите со Бугарија и најави дека партијата утре или задутре ќе излезе со конечен став дали ќе ја поддржи најавената резолуција.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе