Таравари: Со СДСМ и ДУИ нема реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот

СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада, која ќе има мнозинство од 62 пратеници заедно со ДПА, смета генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

„Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот“, рече Таравари на Алфа.

Тој додаде дека соработката со Алтернатива на Африм Гаши е цврста и најави дека отсега разговараат за локалните избори.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе