Таравари: Силјановска води пред Пендаровски, не поддржуваме кандидат кој вели „не ни требаат албанските гласови“

Градоначалникот на Гостивар и секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа гостуваше во емисијата „360 степени" на телевизија Алсат, каде обелодени дека според нивните анкети, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател Гордана Силјановска Давкова, е во водство пред кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, но тие нема да ја пддржат во вториот круг.

Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време, истакна синоќа Тараваари за време на гостувањето во „360 Степени" на Алсат.

Градоначалникот на Гостивар демантираше дека Алијансата за Албанците има договор со ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебна соработка. Според непотврдените гласини, Алијансата би го поддржала кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од претседателските избори, додека од најголемата опозициска партија за возврат да помогнат Арбер Аголи да победи во Дебар.

Тоа се шпекулации од кујната на ДУИ, кои беа единствена партија која имаше своја гостинска делегација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пред 10-15 дена направи Трајко Вељаноски да биде на слобода, за СДСМ ги донесе да работат Мијалков, Камчева, Муковски, Тодоров, истакна Таравари во гостувањето.

 Запрашан за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, Таравари рече:

„Не можеме да поддржиме кандидат кој вели, не ни требаат албанските гласови. Ниту еден Албанец, но ние не можеме да ги телекомандуваме луѓето кои ќе гласаат за Блерим Река“, конкретно за Силјановска, не планираме да ја гласаме изјави Таравари.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе