„Пред година и пол излеговме со господинот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако, тие не мора да се придржуваат до договорот. Нивна работа е каква одлука ќе донесат и таа одлука Алијанса за Албанците ќе ја почитува. Но сепак, сметам дека доколку влезат во влада, таа влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Според моето мислење, 2022 година ќе биде изборна“, рече Таравари.
Тој рече дека како коалиција на изборите Алијанса за Албанците и Алтернатива добиле околу 82 илјади гласови.
Таравари изјавата ја даде по средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која одржана во зградата на Општина Гостивар, каде генералниот секретар на Алијанса за Албанците е градоначалник. Меѓу другото, било разговарано и за конкретни проекти за унапредување на животот во локалната заедница од значење за евро - интегративниот капацитет на земјава.