Локални избори

Таравари: Продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт

Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Од таму велат дека го поздравуваат повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите и го повторуваат нивниот конзистентен став дека нивните членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.

„Во исто време продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и создадеме ново парламентарно мнозинство“, изјави Таравари. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе