Гостиварскиот градоначалник

Таравари: „Почнува албанската пролет од Косово до Северна Македонија“

Ако на Косово победат движењето Самоопределување и Албин Курти, ќе осамне нов ден за Албанците, убеден е гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

„Албанската пролет почна“, вели тој.

По посетата на Курти во Гостивар, Таравари на својот фејсбук-профил ги повика Албанците да гласаат за Самоопределување и рече дека тој го смета Курти за „лек“ за заздравување на косовското општество и за благосостојба на сите Албанци.

Споредувајќи го карциномот, една од најагресивните дијагнози, со политиката, Таравари рече дека „државните институции“ се вплеткани во криминал.

Добрата вест, верува тој, е дека овој карцином може да се излечи, но додава дека тоа бара единство, односно ангажирање на сите.

„Почнувајќи од Косово и продолжувајќи кон Северна Македонија, акцијата почна, албанската пролет почна! Во име на ова, ги повикувам сите Албанци во Македонија да го поддржат Самоопределување на Косово. Со победата на Косово, тоа ќе биде најголемиот чекор кон зачувување на нашите семејства од карциномот на властите што ни го загрозува животот. Самоопределување нека победи на Косово, нека осамне нов ден за Албанците“, напиша Таравари на својот фејсбук-профил.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе