Во гостување на косовска телевизија

Таравари како реплика до Нухиу: Вие му помогнавте на Груевски да избега преку Дебар

Во гостување на косовската телевизија Т7 дојде до бројни препукувања меѓу функционерите на ДУИ и Алијанса за Албанците Арбен Таравари и Агим Нухиу. Функционерот на ДУИ ги обвини „малите“ партии на Албанците дека соработуваат со ѓаволот (Левица) и дека легитимитетот да ја водат државата го имаат интегративците, а функционерот на Алијанса за Албанците возврати дека токму Нухиу како дел од поранешниот режим и функционер во МВР му помогнал на пораншениот премиер Никола Груевски да избега од Македонија преку Дебар.

Агим Нухиу, висок функционер на ДУИ и заменик министер за правда изјави дека е загрижен од политичките случувања од кои прозилезе иницијативата за гласање доверба на Владата од аспект, како што рече, на нарушување на волјадата на граѓаните изразена како на последните локални избори, така и на парламентарните и сите други претходни избори.

Нухиу, во гостување во еисијата Пресинг на косовската Т7 изјави дека е загрижен бидејќи граѓаните „на политичкиот субјект ДУИ му го дадоа вистинскиот легитимитет да управува со државата".

„Со локалните избори ДУИ навлезе во трета деценија на нижење на победи, а малите албнски партии се повеќе од преполовени. Но, тоа што загрижува е што гледаме дека тие мали партии сега не избираат средства, па се здружија и со ѓаволот, каква што е таа левичарска партиа која има јасен анти-НАТО став, која најави поништување на признавањето на Косово, како и ред други ставови со кои нема согласување", рече Нухиу.

Генералниот секретар на Aлијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар со нов Мандат, Арбен Таравари не му остана должен на Нухиу. Таравари потсети дека Нухиу во претходните години беше заменик министер за внатрешни работи, но во еден период беше и на чело на МВР и рече дека тој бил добар соработник на поранешниот премиер „бегалецот Никола Груевски".

„Кажете ѝ на јавноста дека токму вие му помогнавте на Груевски да избега од Македонија преку Дебар", кажете им за оваа ваша заслуга од периодот кога со Груевски изградивте режим, кога ги урнавте демократијата и слободите во Македонија", рече Таравари.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците на товар на ДУИ го стави и пожарот во тетовската модуларна ковид-болница во која животот го загубија 14 луѓе, а исто толку лица имаа повреди од пожарот.

Во текот на емисијата Таравари оцени дека ДУИ кон Албанците во Македонија 20 години се однесува како кон робови.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе