Реакција

Taравари: Ги казнуваат луѓето што пријавуваат нерегуларности

Наместо да се охрабрат и да се поддржат луѓето кои пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат. Ова е реакцијата на Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и член на Алијансата за Албанците по информацијата дека против инспекторот за образование Ѓорѓи Илиевски се води дисциплинска постапка. Илиевски издаде решенија за неправилностите при доделувања на научни звања на владини функционери од редовите на ДУИ, по што против него е покрената дисциплинска постапка во Државниот просветен иснпекторат.

„Место да се охрабрат и да се поддржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат. Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата“, напиша Таравари.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе