Таравари: Алијанса за Албанците е подготвена за предвремени избори

Пратениците на Алијанса на Албанците (АА) начелно ќе гласаат за уставни измени, но имаат услови, коишто во текот на следната недела ќе им ги презентираат на „поважните амбасади низ Македонија". Еден од условите е да се тргне „терминот 20 проценти" од Уставот и македонскиот и албанскиот јазик да се користат како службени јазици во земјата, изјави в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Идната недела ќе кажеме што е нашиот главен услов. Ќе биде многу интересен. Условите се подготвени со меѓународни експерти, кои дадоа идеи кои би биле убаво за целата држава. Мислам дека тоа нема да може да го одбие ниту една политичка партија", изјави Таравари.

Тој кажа дека Алијансата за Албанците е подготвена за предвремени избори некаде во март – април, но смета дека во овој период на криза партиите треба да бидат сплотени.

„Јас инсистирав и претходно на непартиска експертска влада", рече Таравари.
Тој демантира дека се сретнал со лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски за евентуални преговори за влез во Владата.

„Ниту преговараме ниту сме се виделе со некого. Јас мислам дека во ДУИ има настани што се многу интересни и полека ствараат внатрешен хаос кај нив и мој впечаток е дека тие го наметнуваат тоа дека Алијанса ќе влезе во Владата. Али Ахмети не сум го сретнал од 2017 година. Со премиерот не сум се видел сѐ до пред неколку дена кога во Тетово бев викнат на отворање на еден младински центар", изјави в.д. претседателот на АА.

Според него, партијата има капацитети и е отворена за коалицирање, но пред сѐ партијата ја интересира нејзината структура која ќе донесе промена во албанскиот политички блок.

„И мислам дека кога било да се одржат следните парламентарни избори, АА ќе победи и ќе биде дел од Владата. Ако не, јас би се тргнал дефинитивно од политиката", вели Таравари.

Политиките на Алијансата на Албанците, додава тој, остануваат исти. Таравари рече дека партијата веќе интензивно се организира онаму кадешто имала слаби точки, како Тетово и Чаир.

„Имавме одреден број на незадоволни членови кои апстинираа или паузираа, но имаше простор за разговор со нив и се надевам дека 70-80 отсто од тие луѓе се вратени во партијата, а искрено имаме и огромен број интелектуалци кои првпат се приклучуваат во Алијанса за Албанците и се надевам дека идната недела ќе ги промовираме тие личности", изјави Таравари во интервју за Радио Слободна Европа.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе