Талески е сигурен дека ќе станеме полноправна членка на НАТО пред изборите

Советникот на премиерот за надворешна политика и иден амбасадор во НАТО, Дане Талески е сигурен дека по изборот на новата влада на Шпанија, ратификацијата на Вашингтонскиот договор ќе ја заврши Собранието во овој формат пред да се распушти, пред да се одржат изборите и земјава ќе стане полноправна членка на НАТО пред да се одржат парламентарните избори.

Во гостувањето во Утрински брифинг Талески потсети дека ние веќе во последнава година учествуваме во Алијансата на рамна основа во сите формати, а тоа се виде, додава, на состанокот на лидерите во Лондон каде премиерот Заев седеше на иста маса со Трамп, Меркел и Макрон и сите останати лидери на земјите членки на НАТО.

Во однос на нападот на Иран на две бази во Ирак со американски војници, нашата земја која е пред  влезот во Алијансата, гледа со доза на загриженост, како и целиот свет, особено кога ескалираат тензиите, посебно воени, и особено кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на РС Македонија-САД.

Тој посочува дека нападот врз воени бази на САД со можни жртви и материјални штети, веројатно повлекува вклучување на членот 5 кој вели „еден за сите – сите за еден“, ако една земја е напдната, нападнати се сите. Укажува и на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека сите сојузници стојат зад својот најважен и најголем сојузник-САД, но оти сепак, НАТО и модерниот свет е место каде проблемите треба да се решаваат со дијалог и по мирен пат.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе