Талат Џафери во Казахстан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, учествува на четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што се одржува на 23 и 24 септември 2019 година во Нур-Султан, Република Казахстан.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во составот на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим. На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој  мултиралатерален форум, на 25 и 26 септември, Џафери ќе биде во официјална посета на Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан, Нурлан Нигматулин.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе