Талат Џафери: Собранието може да се врати само на следните избори

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во „КликПлус" на ТВ21 говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност за такво нешто.

„Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот“, изјави Џафери.

Според Џафери кој било друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч.

Џафери изјави дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот.

„На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието“, изјави собранискиот спикер.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе