По вчерашната посета на Ципрас

„Тајм“ за премиерот Заев ја употреби придавката „северномакедонски“, се чека реакцијата од МНР

„Грчкиот и северномакедонскиот премиер позираат за историското селфи...", гласи дел од насловот на извештајот на интеренет страницата на неделникот „Тајм" за вчерашната посета на грчкиот премиер на Македонија. Во насловот известувачот од овој настан ја употребува придавката „северномакедонски" за премиерот Зоран Заев, а во текстот „македонскиот".

Македонското Министерството за надворешни работи неодамна извести дека ги информираше странските и домашните медиуми за употребата на новото име Северна Македонија и за изведените придавки од тоа име. Во тоа т.н. упатство се вели дека не треба да се употребуваат придавките „Северномакедонски“, „С.македонски“ или „СеверноМакедонски“.

„Придавната форма за државата, нејзините официјални органи и другите јавни институции како и приватните ентитети и актери што се поврзани со државата, воспоставени со закон, и уживаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, треба да биде „на Република Северна Македонија“ или „Северна Македонија“, пишува во тоа упатство.

Од МНР тогаш најавија дека редовно реагираат и ќе реагираат на сите вакви несоодветни употреби на придавјката северномакедонски.  

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе