Тачи: Владата е нефункционална, 22 дена по завршување на вонредната состојба навистина ни требаат избори

Демократската партија на Албанците смета дека треба да има избори на 5 јули, а според претседателот на партијата Мендух Тачи тоа е потребно поради нефункционалноста на Владата.

„Откако ќе се укине вонредната состојба за 22 дена стварно ни требаат избори. Особено нам Албанците затоа што имаме една партија, етаблирана 99 посто на власт, тоа е ДУИ чии претставници воопшто не се заинтересирани и не функционираат институционално. Почнувајќи од траги-комичната слика на Бујар Османи кој претпладне едно зборува, а навечер самиот се деманатира.  Потоа локалните власти, особено во Тетово, кои ‘заслужуваат нобел за здравство‘ затоа што нѐ потценуваат што со вода од река чистат 2-3 патишта и викаат дека нѐ дезинфицирале и ние сме многу заштитени од вирусот. Трето, освен ДПА, сите други полиички партии сѐ што зборуваат е маркетинг, нема сериозен пристап за оваа работа. Навистина мислам дека треба да одиме на избори да се заврши ова со глумење на политички сили, да имаме јака и функционална влада и институции кои навистина многу искрено ќе се борат со ова зло што не снајде заедно со граѓаните. Инаку продолжувањето на ваквата ситуација може да не донесе до агонија и сите еден со друг ќе обвинуваме“, рече Тачи.

Како што пренесува МИА, тој не се согласува со останатите политички партии дека народот е крив за состојбата со коронавирусот поради недисциплина.

„Ова се случува заота што институциите не функционираат како што треба. Особено во средините каде што се Албанците и каде апсолутната власт е на ДУИ. Калкулациите што се направија за Бајрамот- политички структури за да добијат поени и гледам сега ниту еден од нив не се појавува да ни каже зошто така пристапиле. Ова е ситуација во која сите политички партии трчаат по поени затоа што треба да има многу брзо избори, сигурно е тоа. Ние инсистираме на нашите барања. Прво повеќе тестирања во таргетни групи каде има инфицирани. Второ, сите што се контакти на позитивни пациенти да не седат дома, да се прават болници во спортски сали и луѓето што немаат симпоми таму да седат“, вели Тачи.

Според него показател за лошата институционална состојба со коронавирусот е тоа што Македонија е на прво место на Балканот по број на заболени и смртни случаи поради ковид-19.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе