Предвремени парламентарни избори

Тачи: Се надевам дека Заев ќе стои на зборот, и нема да прави коалиција со ДУИ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „Изборни дебати“ на ТВ 21 меѓу другото зборуваше и за идејата на ДУИ за премиер Албанец. Тој рече дека кандидатурата на Насер Зибери е само илузија и лага на ДУИ. Тачи дури рече дека кандидатот за премиер Албанец е политички мртов.

„Јас лично кандидирам за вицепремиер. Не го прифаќам Насер Зибери за премиер. Прифаќам да излезе на дебата. Да не прави вакви шеги. Насер е политички мртов, Ахмети си игра со него“.

Тачи дури додаде дека доколку граѓаните сакаат да гласат за Зибери, нема да можат бидејќи неговото име не фигурира никаде.

„Вие сте го слушнале Насер Зибери кој вели дека ќе го гласаат Албанците, Македонците, и тоа е невозможно и ова кандидатура има еден недостаток – каде е името на Насер Зибери за гласање. Тие кои сакаат да гласат за Зибери немаат каде да гласаат бидејќи неговото име не е никаде. Тоа е криењето на Али Ахмети поради сѐ што направил, односно не направил за 18 години, со цел тој да не биде тема на дискусија“, истакна Тачи.

На прашањето дали може да има Влада без Албанците, Тачи рече дека без Албанците може да има само војна.

„Али Ахмети вели дека се партија за интеграција, а 20 години наназад е националистичка партија, прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација. Нема Влада без Албанците, војна може да има“.

Тачи во емисијата зборуваше и за изборната програма на ДПА, инвестициите и државниот буџет и заканите кои ги добил. Меѓутоа не сакаше да зборува за имиња бидејќи, како што рече, случајот е под истрага.

„Лидерот на СДСМ Зоран Заев, неколку пати низ кампањата напомена дека ДУИ ќе оди во опозиција, и тоа е „здраво“, и дека неговата партија нема да прави коалиција со ДУИ. Ова го коментираше лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој рече дека се надева дека Заев ќе стои на зборот, и нема да прави коалиција со ДУИ.

„Јас се надевам дека г. Зоран Заев ќе го одржи зборот, нема да ја зема ДУИ во Влада. Мојот услов за кој не се преговара по овие избори е ДУИ. Дефинитивно, јас освен мојот дел што ми припаѓа и на мојата партија, не планирам да му се мешам на следниот мандатар за тоа со кого ќе коалицира или не“, рече Тачи.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе