Лидерот на ДПА во улога на лекар

Тачи: Ќе објавам факти дека пожарот во Тетово е злосторство, а не несреќен случај

Лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека наскоро, во улога на лекар, ќе објави факти дека пожарот во модуларната болница во Тетово не е трагичен настан, туку злосторство.

„Наскоро ќе изнесам професионални факти и аргументи зошто ова го нарекувам злосторство", рече Тачи.

Тој нагласува дека за овој случај треба да се понесе одговорност.

Во пожарот што вечерта на 8 септември избувна во модуларната ковид - болница во Тетово, за само неколку минути загинаа 14 луѓе, а 12 се здобија со изгореници и повреди.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе