Тачи: ДПА ќе применува консензуална демократија

Со ДПА во власта ќе се применува консензуална демократија, а јас како вицепремиер со право на вето ќе обезбедам еднаква и пропорционална распределба на буџетот, изјави Мендух Тачи на вчерашната средба со жителите на Општина Брвеница.

„Епидемија создаде тешкоти. Добро е што повеќето од заразените оздравуваат, но лошо е што тоа остава последици. Со доаѓањето на ДПА на власт, јас како вицепремиер ќе се залагам државниот буџет да биде ориентиран кон зајакнување на здравствениот систем во албанските населени места. Ова ќе биде приоритет од првиот ден“, рече Тачи.

Тој, воедно, на средби во селата на Општина Брвеница, посочи дека ДПА има детален економски и политички план, односно дека имаат кадар „што ќе ги постави Албанците не заслуженото ниво".

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе