Реакции

Светските медиуми за посетата на папата, Македонија како мост меѓу Западот и Истокот

Со тон поинаков од оној во Бугарија, папата пристигна во Македонија, со благослов и пофалби за нацијата која ги прими мигрантите и бегалците за време на кризата во 2015 година,  пренесуваат медиумите на римокатоличката црква. Весникот Крокс пишува дека поглаварот  во обраќањето пред македонскиот државен врв се заблагодари на земјава, но и на хуманитарните организации за отворените врати и помошта дадена  на бегалците од Блискиот исток.

Посетата на папата на Македонија наиде на голем одзив во српските медиуми, кои и пред и за време на посетата, во детали ја проследија во своите ударни термини и на насловните страници.

Државната РТС јави дека папата порача дека „Република Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот и место каде што се вкрстуваат многу културни струи. Посетата на папата се смета за историски чин и се одвива во исклучително важен период за Северна Македонија“.

Б-92 и Би-Би-Си на српски јазик за посетата на папата пишуваат дека „Скопје на еден ден станало центар на римокатоличкиот свет“. Курир пишува дека „папата е дочекан со леб и сол“, а „Спутник Србија“ на својот сајт овозможи во живо да се следи мисата на папата на плоштадот.

Агенцијата Бета и ТВ Н1 со насловот „Папата се поклони и се молеше пред срцето на Мајка Тереза во Скопје“ ја пренесоа пораката на папата Франциско, дека „овде постојат практично различни верски припадности – православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етнички припадности, Македонци, Албанци Срби, Хрвати и други кои создаваат мозаик во кој секој камен е потребен за оригиналноста и убавината на целиот мозаик”. Меѓу бројните знамиња на земјите од светот на плоштадот во Скопје е и знамето на Србија, пренесоа овие медиуми.

Радио Слободна Европа на српски јазик за посетата на папата во Скопје наведе дека таа е историска и претставува одредена поддршка на патот на европската интеграција на Македонија.

„Мултиетничкиот и мултирелигиозниот состав е вашето најголемо богатство. Историските сведоштва од византиското и отоманското минато, монументалните тврдини во планините и прекрасните иконостаси во старите цркви го докажуваат христијанското присуство уште од времето на апостолите и ја изразуваат богатата илјадагодишна култура што земјата ја наследи“, го цитира Радио Слободна Европа папата од неговата посета на Северна Мкедонија.

За руските медиуми  пак   најинтересни се охрабрувачките пораки  кои папата од Скопје ги испратил  за интеграцијата на  Македонија и останатите  земји од Западниот Балкан во ЕУ.  Вашингтон пост посетата на Франнциско  ја оценува како историска. Се истакнува дека папата земјава ја посочил како пример за мирен соживот на различни култури и етникуми, мост меѓу Западот и Истокот.

И германските медиуми информираат  дека главната порака на папата е за мир и обединување во малата земја на Балканот.  Францускиот Фигаро  потенцира дека Скопје е родното место на Мајка Тереза, светицата  почитувана меѓу Македонците и Албанците. Весникот информира детално за подготовките за посетата, која како што се истакнува ,  предизвикала голем интерес не само во Македонија, туку и во регионот, особено меѓу верниците од Хрватска и Албанија кои пристигнаа во земјава за да го видат светиот отец.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе