Според најновиот извештај

Четвртина Македонија е иселена во странство, вели Светската банка

Емигрирале речиси 40 проценти од високообразованите луѓе од Македонија.

Според најновиот извештај на Светската банка, „Миграцијата и одливот на мозоци во Европа и Централна Азија“, четвртина Македонци родени во земјата, односно 25,7 отсто, сега живеат надвор од неа.

По бројот на иселеници Македонија е четврта, а прва е Босна и Херцеговина, од која е иселена половина од населението родено во неа (49,5%).

Петтина од населението се иселило од Хрватска, која по Малта има највисока стапка на емиграција во Европската Унија. Од Црна Гора исто така заминала петтина од жителите родени во неа.

Стапките на емиграција кај висококвалификуваните работници (т.н. одлив на мозоци) се високи, особено во некои од земјите со пониски приходи на Балканот и во Источна Европа.

Од луѓето со високо образование емигрирале речиси 40 проценти од Македонија, вели извештајот, исто како и во Албанија, Казахстан, Молдова и Романија.

„Заклучно со 2017 година, повеќе од една третина од универзитетски образованите работници од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина живееле во странство.“

Стапката на иселување не е рамномерна кај професиите, вели Светската банка.

Во 2017 година, околу 70 проценти од вработените во високообразовниот систем на Северна Македонија планирале да емигрираат; 20% од нив веќе имале аплицирано за работни места во странство, се вели во извештајот.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе