„Нема да има промени во надворешната политика на Бугарија“

Светлан Стоев најави дека ќе ја следи политиката на Захариева кон Македонија

Светлан Стоев, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, којшто денеска ја презеде функцијата од Екатерина Захариева вети дека нема да има никаква промена во политиката на Софија кон Македонија и во наредните неколку месеци ќе ја следи рамковната позиција на неговата земја којашто е донесена со консензус меѓу сите политичките партии во Собранието.

„Ние немаме овластување да ја смениме оваа позиција. Она што зависи од техничкиот кабинет и министерот за надворешни работи ќе биде направено за да продолжи дијалогот“, изјави Стоев на прес-конференцијата со Захариева.

Според него, оттука натаму сè е во рацете на официјалните лица на Македонија.

„Нив им е многу јасно каква е бугарската позиција и не треба да шепкулираат дека ќе има некаква промена во следните 2-3 месеци за време на оваа техничка влада“, порача Стоев.

Захариева на прес-конференцијата кажа дека нема ништо поважно од заштитата на националниот интерес, а таа самата „ниту секунда не се колебала да заземе позиција и да ги штити националните интереси на Бугарија тогаш кога биле нарушувани, а суверенитетот на државата бил под ризик“.

„Останав верна на вистинското убедување дека нема ништо поважно од националниот интерес на Бугарија“, изјави Захариева.

Таа говореше и за односите со Македонија и го повика Скопје да ги почитува Договорите со Бугарија.

„Постојат шпекулации дека техничката влада ќе ја смени позицијата на Бугарија. Ние секогаш сме биле искрен пријател и се надевам дека ќе бидеме и понатаму. Убедена сум дека Бугарија, повеќе од која било друга земја на ЕУ, сака РСМ да се реформира и да започне преговори. Но, тоа не може да се случи по цена на бугарскиот национален интерес, бидејќи целта на членството е да ја направи Унијата посилна, а не послаба. Бугарија има многу јасен став за оваа тема, ние не престанавме да бараме решенија. Имаме многу јасен план и услови. Договорите мора да се почитуваат. Условите за почеток на преговорите треба да бидат јасни пред нивното започнување“, рече Захариева.

Таа изрази надеж дека нема да има промена во надворешната политика на Бугарија за време на техничката влада, а потврдата стигна веднаш од Стоев кој најави континуитет во надворешната политика.

Според Стоев, главна задача на Министерството за надворешни работи е организирање на парламентарните избори во странство, но без да се запоставуваат важните надворешно-политички прашања.

Инаку, Стоев беше директор на Државниот протокол за време на бугарското Претседателство во Советот на ЕУ.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе