Вечерва

Свеќи и протест пред домот на пратеникот Мукоски во Вевчани

Со свеќи во рака од движењето Македонија-Блокира, вечерва се собраа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани. Тој е еден од пратениците кој е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ затоа што гласаше за уставни измени.

„Имате шанса да се издвоите и издигнете над ова. Слушајте го гласот на народот. Немате мандат за смена на името на Република Македонија“, е пораката која беше испратена до Мукоски. 

Се слушнаа патриотски песни. „Едно име имаме", извикуваа граѓаните. Повикаа дека немаат намера да се повлечат и ќе се борат до крај. Вевчанци следеа што се случува пред домот на Мукоски.

Во сабота во 18 часот закажан е собир пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе