Кривичен суд

Сведок во судењето за „Тенк“: Старото возило на Груевски често се расипуваше

Службеното возило на премиерот Никола Груевски во тоа време имаше чести дефекти, еднаш сопирачките откажаа, се случувало Груевски да задоцни на настани поради ова. Вака сведочеше денеска Љупчо Цекоски од обезбедувањето на поранешниот премиер за потребата да се купи ново возило.

За денешното рочиште за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство планирано е сослушување на уште 10 сведоци на одбраната.

„Во една ситуација старото возило не запали, па мораше премиерот да го пренесеме со друго, неблиндирано возило, што е спротивно на протоколот“, изјави Цекоски и додаде дека новиот „мерцедес“ потоа го користеле и сите странски делегации.

Предметот „Тенк“ на СЈО се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

На минатото рочиште судот одлучи на Јанкулоска да ѝ се суди одвоено поради ризична бременост.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска, за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од МВР требало да му се даде на користење и на Груевски, кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал да се дознае во јавност.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе