Во Белград

Свечено поставена оградата што Охрид му ја врати на српското Собрание

Со мала свеченост денеска во Белград градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на претседателот на Народоното собрание на Србија Ивица Дачиќ му предаде дел од оградата на зградата на Собранието која некогаш била поставена во дворот на вилата „Билјана“ во Охрид. На свеченоста присуствувале пратеници и претставници на Град Белград.

Претседателот на Народното Собрание Ивица Дачић изјави дека станува збор за чин кој сведочи за пријателските односи повеѓу двете земји и во името на сите граѓани на Србија се заблагодари на можноста автентичниот фрагмент на оградата, која постела околу Собранието во периодот од 1936 до 1956 године, повторно да се најде на платото пред зградата.

Градоначелникот на Охрид изрази задоволство што ја има таа можност да и преку враќањето на оградата го искаже пријателскиот однос помеѓу народот на двете држави.

Георгиевски потсети дека делот од оградата кој сега е поставен таму каде што некогаш и бил, ја украсувал вилата „Билјана“ во Охрид, во која повремено одмарал и работел претседателот на СФР Југославија Јосип Броз Тито.

Дачиќ информира дека останатите делови од оградата се наоѓаат во Заводот за заштита на спомениците на културата на град Белград, како и во дворскиот комплекс на Дедиње.

„Не се планира целата ограда да биде повторно поставена окколу Домот на Народното собрание, туку дека со поставувањето на еден дел се прави историски осврт на 85-годишнината од работата на Народното собрание“, рече Дачиќ. 

Инаку, неодамна беше објавено дека дел од таа ограда се наоѓа во Охрид, но и дека еден дел е уништен и украден.

Градоначалникот на Охрид информира дека деновиве Советот на општината Охрид ќе донесе одлука српските туристи во Охрид во време на туристичката сезона да бидат ослободени од плаќање на паркинг.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе