Свечена академија по повод Денот на Бошњаците во Македонија

Меѓународниот ден на Бошњаците вчеравечер беше одбележан со свечена академија во Скопје организирана од бошњачките здруженија Форум на Бошњаците, „Шадрван" и „Диван".

Во име на Владата на присутните им се обрати министерот Оливер Спасовски кој истакна дека Бошњаците се составен дел од културното и општественото милје во нашата држава и  дел од концептот „Едно општество за сите“.

„Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како матица на сите Бошњаци каде и да се наоѓаат, се поврзани со силно партнерство и заеднички стремежи за билатерална и регионална соработка во сите сфери, но и за внатрешна стабилност и развој“, истакна Спасовски.

Честитки до Бошњаците упати и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е единствен пратеник од бошњачката заедница во Собранието.

„Македонија е наша заедничка куќа, иако сме помалубројни, таа немаше да биде така богата доколку Бошњаците не се дел од неа. Влогот и поддршката на прогресивните сили во државата од Бошњаците е огромна, а Бошњаците извршуваа најзначајни функции и ги извршуваа посветено, чесно и транспарентно во интерес на сите граѓани. Искрено верувам дека така ќе биде и во иднина и дека сите заедно ќе продолжиме да работиме и да ја градиме нашата заедничка куќа“, рече Рамчиловиќ.

Претседателот на Форумот на Бошњаците, Енес Шемсовиќ, во поздравниот говор истакна дека Бошњаците се меѓу најсилните кохезивни алки во општеството и поддршка на сите процеси кои ја дефинираа Македонија како суверена и независна држава.

За заслуги во изминатиот период им беа доделени признанија на градоначалниците Аце Коцевски, Висар Ганиу и Блерим Беџети, на реис-ул-улема Шаќир Фетаху и на министерот Оливер Спасовски.

Денот на Бошњаците претходно беше одбележан и во велешко Горно Оризари, со свеченост на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, а по овој повод здружението „Диван”  ја објави збирката поезија „Мостови на пријателство 4″. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе