По синоќешните настани

Сулејман Реџепи: За скандалот во ИВЗ виновни се луѓето од Комисијата за верски заедници

Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и незаборавно, изјави синоќа поглаварот на Исламската верска заедница по вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ што се одржа во Кондово.

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи по завршување на седницата рече декапроблемот го лоцира во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, односно нејзините раководни лица.

„Нема да го признаеме никогаш директорот на комисијата Дарјан Сотировски, кој е учесник во ова. Цело време ме замолува да го прифатам дека ќе биде добар, бидејќи за да биде на оваа функција треба да биде прифатен од сите, но такви не се грижат за исламот. Бараме да си замине и неговиот заменик Албанец, кој нема глас и е слеп, нема сенс“, рече Реџепи.

Тој праша зошто на другите верски заедници им се овозможува мирна и спокојна работа, а Владата и државните органи се насочени само против Исламската верска заедница.

„Немам тендери да поделам. За цел свет сум носител на мир и спокојство, на соживот и толеранција, само тука демонстрирам сила“, посочи поглаварот на ИВЗ и додаде дека не сакаат власта и политиката да прават зулум во народот.

„Зборувам во име на 13 муфтивства во земјав. Во име на сите едногласно беа усвоени заклучоците дека ваква власт, која се занимава со ујдурми, која шири анархија не ни треба. Ние ова не го сакаме, ниту го заслуживме. Остануваме да бидеме примерна зедница“, изјави поглаварот по завршување на вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ.

Според него политиката е таа која засадува омраза меѓу верските заедници. Реџепи порача дека чашата ќе се прелее ако се посегне по Али пашината џамија.

За Реџепи Скендер Бузаку е отпадник од ИВЗ, а за судската одлука рече дека судот се впуштил во една невидена авантура.

Вчера почна да се спроведува судската одлука со која Скендер Бузаку во регистарот на црквите и верските заедници Бузаку треба да биде впишан како нов поглавар на ИВЗ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе