Кога целиот свет ја осудува...

Сулејман Реџепи во име на ИВЗ го поддржува кралот на Саудиска Арабија во случајот со убиениот новинар Кашоги

Ние како Исламската заедница во Република Македонија и муслиманите во Македонија се солидаризираме со Саудиска Арабија против сите мразачи кои се обидуват да наштетат на нејзиниот исламски и меѓународен статус бидејќи кралството е Правецот на муслиманите, пишува поглаварот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи во писмото до кралот на Саудиска Арабија. Поводот за ова писмо се реакциите на голем број за држави против Саудиска Арабија по повод убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на оваа земја во Турција.

Во време кога целиот демократски свет реагира на ваквото сурово убиство на новинарот Кашоги од страна на службите на Саудиска Арабија, реисот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи на 17 октомври испраќа писмо на поддршка до кралот на Саудиска Арабија.

„Ваше височество, овие денови слушаме вести дека сaканото големо кралство минува низ тешка ситуација од сплеткари и мразачи кои се собрале да им наштетат на кралството на Саудиска Арабија. Но, семоќниот Алах е најдобар заштитник и во ова нема двоумење, бидејќи Саудиска Арабија е извор на две божји објави, Книгата на Алах и Сунетот на неговит пратеник. Од основањето на кралството од кралот Абдулазиз бин Абдулрахман, Алах да му се смилува, кралството го следи умерениот пат, посебно вашето височество крал Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, Алах да ги заштити“, пишува Сулејман Реџепи во писмото.

Новинарот Кашоги на 2 октомври влегол во конузлатот на Саудиска Арабија во Турција, но од таму не излегол. Турските служби тврдат дека саудискиот новинар е ликвидиран поради  неговиот критичен став кон саудискиот принц.

„Ваше височество, служителу на двете свети џамии, примете ги најдобрите и најскапите честитики од мое име како претседател на Исламската заедница во Репубика Македонија,  честитки на муслиманите на нашата земја за доприносот на кралството на Саудиска Арабија предводена од вашето височество, крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд и престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман, Алах да ги заштити, за исламот и муслиманите во сите земји во светот, особено на континуирана поддршка на нашата земја и нашиот народ, голема благодарност до вас“, пишува во писмото на Сулејман ефенди Реџепи до кралот на Саудиска Арабија.

Против ова убиство се крена сиот демократски свет, а Реџепи во името на муслиманите од Македонија дава поддршка на убиството на новинарот  Кашоги.

А.Д.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе