За време на молитвата, по свршувачката

Сулејман Реџепи го прогласи ковид-19 за мртов, Филипче не знае

 Поглаварот на Исламската верска заедница, котроверзниот Сулејман Реџепи по денешната молитва во џамијата Мустафа Паша во Скопје изјави дека коронавирусот е мртов.

Реџепи во изјавата замедиумите го честиташе празникот Фитер Бајрам и го прогласи коронавирусот за мртов.

„Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека ковид-19, можам слободно да го прогласам дека е умрен од денес. Го победивме и затоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ е со нас, ние се чувствуваме најсилни во светото“, рече  меѓу другото поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Очекуваме деновиве поглаварот на ИВА за ова и официјално да го информира министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, деновиве реисот е многу популарен по медиумите откако се објави информацијата за неговата свршувачка со 50 години помладата од него Емине Јашари, истакната активистка на ДУИ од Драчево.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе