Сугаревски: Нормално е премиерот да ја оценува работата на министрите, а не самите функционери

Aктуелните функционери не треба сами да ја оценуваат својата работа. Мандатарот, односно премиерот нормално е да ја оценува работата на министрите и врз база на тие анализи да донесе соодветни услуги. Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при увидот во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

„Во неколку наврати кажав, а малку и побрутално е и можеби дека малку е и невоспитано од наша страна, како актуелни функционери сами да си ја оценуваме нашата работа, од првиот ден понатаму, мандатарот, односно премиерот е нормално, тој што ја оценува работата на министрите. Тоа го прават и граѓаните. Така сето она што го кажав и минатиот пат е дека врз база на неговите анализи, коишто ги прави нормално е премиерот да донесе соодветни одлуки, така и за случајот со министерот за транспорт и врски, вели Сугарески.

Прашан дали претпоставува кој се наоѓа на списокот за реконструкција во Владата, Сугарески изјави дека нема намера да претпоставува туку, како што рече, му е битно да си ја извршува работата за која му е дадена како министер и нема намера да ги оценува своите колеги, министри со кои поминал две години во Владата.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов прашан дали се наоѓа и тој на списокот за промена на директори, одговори дека тоа прашање треба да му се постави на премиерот.

„Вие како новинари сте присутни, со нас. Јас еднаш неделно сум на терен, траса, во моментов имам преку 80 проекти, што активно ги работам. Си ја гледам и ја работам работата, а тој што треба да мери, да сече и да цени е премиерот. Негово е тоа апсолутно право, така што воопшто не сум оптоварен со тоа, вели Китанов.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе