Сугарески: Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во септември

Уривањетo на дивоградбите во Охрид ќе почне во септември, а уривање ќе има и на Матка откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски во интервју за „Макфакс“.

Тој вели дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

„Освен тоа што прогласи мораториум за градење Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари и прави динамичен план за уривањето. Приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк ’Галичица’“, рече министерот Сугарески.

Во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе