Сугарески оставката ја објави на Фејсбук со објаснување дека ја поднесува во знак на
морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.
„Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.
Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор“, напиша Сугарески.
Објавата ја завршува со зборовите „јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам“ и додава дека останува верен на партијата и се става на располагање за каков било понатамошен ангажман.