Сугарески не очекува да го закачи „метлата“ на Заев

Министерот за транспорт и врски не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.

„Искрено не очекувам. Меѓутоа, ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа“, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Таор – Драчево.

Тој пред медиумите кажа дека очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.

„Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавивме дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година“, изјави денеска Сугарески.

Тој информираше дека моментно се работи на 90-тина проекти  за над 700 километри патишта  патишта, мостови  и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра, се работи засилено на гасификацијата, интензивирана е изградбата на железницата кон Бугарија и очекуваво вториот и третиот квартал да има силен раст на капиталните инвестиции.

Досега, како што кажа, завршени се 50 отсто од работите за изградба на пругата кон Бугарија.

„Голем дел од проблемите се надминати, се очекува анекс договорите да се потпишат, првата делница сериозно се интензивира, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до бугарска граница Министерството за финасии работи на обезбедување средства. Таму имаме 60 милиони грант средства од ИПА, согласно роковите очекуваме да биде и динамиката“, изјави Сугарески, додавајќи дека за многу брзо време очекува пуштање на автопатот Скопје-Штип, ќе се интензивира работата на автопатопт Кичево-Охрид и ќе почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе