По средбата Пендаровски-Мицкоски

Судството и обвинителството преминуваат во рацете на политичари, правдата е закопана, велат од Алијанса/Алтернатива

Судството и обвинителството преминуваат во рацете на македонските политичари и на неколку сервилни Албанци фатени со хипотеки по фиоки, реагираат од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива на вчерашната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за судските процеси за 27 април.

„Една земја што овие денови претендира да добие датум за отвoрање на преговори за ЕУ, на политички состаноци донесува одлуки за судски постапки“, велат од коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Според нив, Пендаровски и Мицкоски во вилата на Водно одлучуваат и вршат притисок над судството и обвинителството за најтешкиот терористички акт, нападот врз највисоката институција и народните избраници,.

„За да го легитимираат овој скандал, му порачуваат на претседателот на албанската партија во Владата, Али Ахмети, да излезе и јавно да пресуди дека на 27 април не се случи терористички акт, додека тие помалите од партијата не смеат ни уста да отворат.

 За оваа сервилност, како и за легитимирањето на другиот скандалозен договор за одложување на пописот, Ахмети и ДУИ имаат само една причина. Тој и неговата партија се фатени во криминал и корупција, без трошка поткрепа од народот и се наоѓаат само во милоста на нивните македонски господари. Али Ахмети и ДУИ станаа најголемата опасност за Албанците, но, и за целата земја. Тие се во состојба да продадат сè само да се спасат од правдата за сите криминали што ги имаат направено. Ова е и причината поради која тие никогаш не отворија уста, ниту пак за монтираните случаи кон Албанците, ниту за амнестирањето на убиецот на малиот Алмир“, се наведува во реакцијата. 

Албанците и граѓаните општо, како што велат, заслужуваат одговор на две прашања:

Кој беше функционерот на ДУИ што го информира Никола Груевски за седницата на 27 април и кој потоа го извести Али Ахмети да не доаѓа во Собрание додека останатите си ги доведуваа во животна опасност своите животи?

„Албанците ќе стават крај на оваа сервилност и заложништво на некои Албанци во Владата, додека ние ќе ја продолжиме битката исто како и на 27 април, за да ставиме крај на овој режим веќе исполнет и со други сервилни поданици“, додаваат од Алијанса/Алтернатива.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе