За да му го врачи решението за затвор

Судскиот курир вечерва двапати не го нашол Груевски дома, ќе оди пак

Судскиот курир што треба на Никола Груевски да му го врачи решението за извршување на затворската казна вечерва двапати заѕвонил на вратата на експремиерот, но не го нашол дома.

Првиот пат вратата ја отворила сопругата Боркица и рекла дека Груевски е излезен, објави ТВ Алсат М и додаде дека курирот вечерва пак ќе се обиде да го врачи решението.

Веднаш штом ќе го добие, Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Во меѓувреме, пред капијата на затворот Шутка бившиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го чекаат голем број фоторепортери, сниматели и новинари.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе