Во оваа пресуда има уште неколку интересни решенија на Меѓународниот суд на правдата (МСП) кои за жал малку се користат во актуелните разговори за проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.
Еве и други делови од пресудата:
„Судот пресуди дека:
противејќи се на пристапувањето на Република Македонија во НАТО во периодот пред Самитот на НАТО во Букурешт од 2008 година, Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година.
Од Грција се очекува дека нема повторно да го повреди меѓународното право (по дефиниција се претпоставува нејзината „добра верба“).
Сите наводи на Грција дека Република Македонија ја прекршила Привремената спогодба (ПС) се отфрлени“.
Судот во Хаг пресуди дека во македонскиот Устав нема одредби за иредентизам, прашање кое Грција повторно го става на површина во актуелните разговори. Еве делови од пресудата кои се однесуваат и на ова прашање:
„Судот експлицитно утврдил дека Македонија има право себеси да се именува како Република Македонија во нејзините односи со Грција; и дека Грција не може да се противи на пристапувањето или на полноправното зачленување на Македонија во НАТО или други меѓународни организации врз основа на „намерата“ на Македонија „самата себе да се именува во меѓународните организации користејќи го своето уставно име“ (параграф 103).
Наводите на Грција дека Република Македонија ја прекршила Приремената спогодба се отфрлени.
Судот утврдил дека:
Македонија учествува во добра верба во преговорите во врска со името. Судот ја истакнува обврската на Страните според ВС да преговараат во добра верба, под закрила на Генералниот секретар на Обединетите нации;
Македонија забранила „непријателска активност и пропаганда“ против Грција, па следствено не го прекршила ставот 1, од членот 7 од ВС;
Користењето на симболите опишани во ставот 3, од членот 7 од ПС не е забрането, а единствено е забрането Република Македонија да го користи симболот опишан во став 2, од членот 7 од ВС (симболот на нејзиното државно знаме во употреба пред стапувањето во сила на ПС); наместо тоа, ваквите симболи подлежат на постапка во која откога една од Страните ќе ги изнесе своите поплаки, другата Страна е обврзана да преземе корективни активности или да објасни зошто не презела такви активности; имено, сè додека се следи ваквата постапка не може да има прекршување на ставот 3, од членот 7 од ПС;
Република Македонија не ги прекршила своите обврски според ставот 3, од членот 7 од ПС, со тоа што го преименила аеродромот „Петровец“ во „Александар Велики“;
Грција не изнела убедливи докази, според кои Македонија го толкува својот Устав на начин кој ѝ дозволува да се меша во внатрешните работи на Грција, а во име на лица кои не се државјани на Македонија; Судот затоа утврдил дека Македонија не го прекршила ставот 2, од членот 6 од ПС“.